Недела на Светите Праотци и свмч. Елевтериј

„На ликот направен со рака откако не сакавте да му се поклоните, а заштитени од неискажливото присуство (на Бога), триблажени, со подвигот во огнот се прославивте и, стоејќи среде неподнесливиот оган, Го призивавте Бога: Побрзај, Штедре, и како Милостив на помош дојди ни, бидејќи можеш да направиш сѐ што ќе посакаш.“1

На 28.12.2025 година, во Неделата на светите праотци и на празникот на светиот свештеномаченик Елевтериј, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј.

За време на Литургијата, Владиката го произведе свештеникот Александар Матески во чин ,,протоереј”.

Покрај многубројниот народ, на Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Кичево, г. Александар Јовановски.

  1. Кондак на Утрена во Неделата на светите праотци. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК