На 27.12.2025 година, со свечена манифестација во Домот на културата во Струга, беше одбележана петгодишнината од делувањето на здружението „Православна младина“ при Вранишката парохија.
На настанот присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во своето обраќање, Митрополитот ја истакна важноста на црковната младина како иднина на Црквата и ги пофали најмладите, кои преку прекрасните духовни мелодии ги стоплија срцата на сите присутни.
На свеченоста учество зедоа и гости од Подгорица, Црна Гора, со кои здружението има долга и плодна соработка.









