На Православниот богословски факултет во Белград, на 11 и 12 декември, се одржува Меѓународен научен собир под наслов „Од Никеја до денес (325–2025)“, по повод големиот јубилеј – 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски Собор.
На собирот учество зеде и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој имаше излагање на тема: „Важноста на Vita Constantini на Евсевиј Кесариски како историски извор за Првиот вселенски собор“.
Со своето излагање, Митрополитот даде значаен научен придонес во осветлувањето на историските извори поврзани со Првиот Вселенски Собор и неговото значење за Црквата низ вековите.





