,,Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.”
(тропар на св.вмч. Георгиј)
Празнувањето преносот на моштите на св.вмч.Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, торжествено беше одбележан во Дваесет и третата недела по Педесетница во манастирот ,,Св.вмч. Георгиј” во Кнежино, Кичевско.
Прославата започна претходниот на 14.11.2025 година, кога во вечерните часови беше комбинирана Вечерна богослужба на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичвески г. Георгиј.
Торжеството продолжи и наредниот ден, на 15.11.2025 година, во истиоемниот манастир, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичвески г. Георгиј.























