,,Архистратизи – водачи на духовните сили, кои ја осветлувате вселената со зраците на Трисолнечната слава, вие со непрестаен глас ја пеете Трисветата песна; затоа молете се, да се спасат душите наши.“
(литиска стихира на Вечерна на празникот).
На 21.11.2025 година, кога го прославуваме свештениот спомен на Соборот на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач.




















