„Рождество на Пресвета Богородица“ – Горни Манастирец, Македонски Брод

Местоположба и историски почетоци

Овој манастир се наоѓа во областа Порече, таканаречена поради тоа што се наоѓа по средниот тек на реката Треска, поточно над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод.

Се претпоставува дека потекнува од XIII век, на што нè упатува стилската анализа на остатоците од фрескоживописот во манастирската црква. За време на турското владеење манастирот бил запален, но во 1846 година, со доброволна работа, средства и залагање на населението од Поречието, бил повторно возобновен.

Современа обнова и заживување на монашкиот живот

Со заживувањето на монашкиот живот во манастирот, со доаѓањето на монахот Бенедикт во 2000 година, започнува и неговото духовно и материјално возобновување. За да се одговори на потребите на поклониците, на 22 јули 2007 година осветен е новоизградениот конак кој се наоѓа на источната страна од манастирот. Осветувањето го извршија архиепископот Стефан и митрополитот Тимотеј.

Нови конаци и духовна мисија

На 6 јули 2008 година осветен е камен-темелник за нов манастирски конак, кој е изграден и осветен на 7 август 2010 година од владиката Тимотеј. На местото на стариот конак од југоисточната страна, кој потекнувал од времето кога е возобновен манастирот, односно од 1846 година, е изграден нов манастирски конак кој е осветен од митрополитот Тимотеј на 16 мај 2015 година.

Вака севкупно воскреснат, и духовно и материјално, манастирот продолжува да биде духовна оаза во Поречието.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК