Соопштение по повод чествувањето на Христовото Преображение

Почитувани верници,

Дебарско-кичевската епархија ве поканува на празнувањето на споменот на светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

По повод празникот, на 19.08.2026 година (среда), во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Со голема духовна радост ги покануваме сите благочестиви верници да земат молитвено учество, вознесувајќи молитви и благодарност кон нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

На многу години!

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК