,,Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.”1
На 24.06.2026 година, на споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, г. Златко Сиљаноски.
По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.





































- Општ тропар на светите апостоли. ↩︎






