Свето Преображение на Господ Исус Христос

„Светлино неизменлива, Слове, на неродениот Отец Светлина, во Твојата светлина, денес на Тавор покажана, ја видовме и Светлината на Отецот, и Светлината на Духот, Кој во светлина го води сето создание.“ 1

На 19.08.2026 година, на денот кога го празнуваме светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

За време на светата Литургија, ѓаконот Димитар Петрески беше ракоположен во презвитерски чин од раката на Митрополитот Георгиј.

Пред крајот на Божествената Литургија беше извршен чинот на осветување на лозовиот плод.

На многу години!

  1. Светилен на од Утрената богослужба на светото Христово Преображение. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК