Православните христијани се должни непоколебливо да пребиваат во Православието, да го чуваат едномислието еден со друг и нелицемерната љубов, да ја чуваат чистотата на душата и телото, да се пазат од зли и нечисти желби, со умереност да јадат и пијат и, пред сѐ, да се украсуваат со смирение, да не го оставаат гостеприемството, да избегнуваат спорови, почестите и славата на земниот живот да ги сметаат за ништо, а наместо нив да очекуваат од Бог – насладување со небесните блага.
Поука од Преподобен Сергиј Радонешки
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Поука од Свети Силуан Атонски
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата…
-
Поука од Свети Силуан Атонски
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и…
-
Иницијативна работна средба меѓу Митрополитот Георгиј и претставници на МАНУ
На ден 21.07.2026 година во просториите на Дебарско-кичевската епархија во Охрид се оствари работна средба помеѓу Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ претставувани од раководителот, академик Вера Битракова Грозданова и дописниот член Сашо Цветковски со надлежниот Митрополит г. Георгиј. Споделете
-
Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
„Реките со чудеса, Богородице, кои течат од од твојот сечесен ковчег како од рајот и кои им излеваат благодети на оние кои те почитуваат верно, го напојуваат лицето на земјата. Затоа те воспеваме, и верно те фалиме, и со благодарност постојано викаме: Радувај се, единствена надеж на оние кои те воспеваат!“1 На 14 и 15…
-
Свети Бесребреници и Чудотворци Козма и Дамјан
„Откако од севишната промисла ја нацрпивте бездната на исцеленија, на сите верни им точите исцеленија, бесребреници! Преку вашите таинствени дејства, натприродно ги лекувате болките на болните, препишувајќи им спасоносни лекови од ризниците на Духот. Затоа, како чесен храм на Живоначалната Троица, Која во вас очигледно си направи Свој дом, молете Ја да ги спаси душите…



