На 31 јануари, кога Црквата го слави споменот на свети Атанасиј Велики и свети Кирил Александриски, во манастирот свети Атанасиј, метох на Светинаумовата обител во присуство на многуброен верен народ се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум“, протојереј-ставрофор Тоди Јован, Албанска православна црква, игумен Јосиф, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта – Струга, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓуноски. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме. После завршувањето на светата Литургија, во средината на храмот Митрополит г. Тимотеј заедно со останатите свештенослужители го благословија и прекршија празничниот колач.

affiliate tracking url | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

На 20 јануари, кога се празнува свети Јован Крстител, во црквата свети Јован – Канео во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски служеше света Литургија.

latest Running Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

Празникот посветен на јавувањето Божјо – Богојавление (Водици),  свечено со празнични богослужби и во присуство на многуброен народ се одбележа во Охрид и Струга. Утрото, на 19 јануари во црквата „Света Богородица-Каменско“ во Охрид, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското архиерејско намесништво. По завршувањето на божествената Литургија, Владиката заедно со свештенослужителите и верниот народ во свечена литија се упатија кон градското пристаниште, каде што се изврши голем Богојавленски водосвет и се фрли крстот во осветените води на Охридско Езеро. Повеќе од 1 200 верници скокнаа по крстот во осветените води, а меѓу нив најсреќен беше Јован Рилков кој го фати светиот крст. Кон верниот народ, Владиката се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Asics shoes | Nike Off-White

Повеќе...

На 14/1 јануари, денот кога Црквта го слави празникот посветен на Обрезанието на Господ Исус Христос, споменот на свети Василиј Велики и почетокот на Новата година, во црквата „Свети Никола” во село Враништа – Струшко, се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на протојереј Темелко Донески, свештеник Ристе Наумоски, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. После завршувањето на светата Литургија, Владиката заедно со останатите свештенослужители го благослови и прекрши празничниот колач, го благослови почетокот на Новата година и кон присутниот верен народ се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

Adidas footwear | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

Утрото, на  07 јануари, Рождество Христово, во храмот „Свети Никола - Геракомија“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, јереј Димче Ѓорѓиоски, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски, во присуство на многуброен верен народ служеше света Литургија. За време на божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, во протојерејски чин го произведе јерејот Димче Ѓорѓиески. Верниот народ, кој се подготвувал со пост и молитва пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христови. На крајот од светата Литургија, на верниците им беше прочитано Божиќното послание.

Asics shoes | nike fashion

Повеќе...
Страница 267 од 284

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5