„Христе, разумно Сонце на правдата, Ти си засветлил од Дева, и ѕвезда Те покажа сместен во пештера, Тебе - Несместливиот. Мудреците си ги упатил да Ти се поклонат; со нив и ние Те величаме, Животодавче, слава Ти“ (тропар од Вечерната на Рождество Христово).

 

На 06.01.2022 година, во навечерието на празникот Рождество Христово - Божик, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше осветено бадниковото дрвце, а Митрополитот Тимоте се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Подражател на апостолите, правило на архиереите, убавина на преподобните, сострадалец на страдалците, без крв си се овенчал како маченик, преподобен Науме, искушуван со тешки неволји, носејќи го божественото име на Христа, и смело проповедајќи ја секогаш тајната на Троица. Нејзе не престанувај да ѝ се молиш за оние кои тебе те прославуваат“ (седален на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец). 

 

Споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец и оваа година беше свечено прославен во деновите кога верниот православен народ го очекува раѓањето на Спасителот. Имено, прославата на овој наш просветител и постојан молитвеник пред Бога започна на 04.01.2022 година, во манастирот кој преподобниот самиот го изгради на Охридското Езеро, со Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир, протоерејот-ставрофор Никола Хриостоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое ја истакна заповедта на светиот апостол Павле за следење на нашите наставници и проповедници на словото, а како пример за тоа е преподобниот Наум, кого и ние треба да го следиме во неговите свети подвизи.

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, како и што ветивме во претходниот напис за промоцијата на книгата „Манастирите во Дебарско-кичевската епархија“, во прилог Ви го пренесуваме промотивното слово од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан. Имено, пред официјалниот почеток на промоцијата на ова наше јубилејно и извонредно дело, свое обраќање имаше и свештеникот Александар Димоски, кој даде прекрасен вовед во самиот чин на промоцијата и го покани Архиепископот да го изложи своето промотивно слово. Затоа и пред самото промотивно слово, Ви го пренесуваме и воведот од отец Александар.

Повеќе...

На 28.12.2021 година се наврши една година од упокојувањето на поранешниот Митрополит Европски Горазд. По тој повод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, отслужи Трисагија за покој на душата на Митрополитот Горазд. Господ нашиот Спасител да му ги прости сите волни и неволни согршенија и да ја всели неговата душа во населбите на праведниците. Вечнаја памјат!

Повеќе...

„На ликот направен со рака откако не сакавте да му се поклоните, а заштитени од неискажливото присуство (на Бога), триблажени, со подвигот во огнот се прославивте и, стоејќи среде неподнесливиот оган, Го призивавте Бога: Побрзај, Штедре, и како Милостив на помош дојди ни, бидејќи можеш да направиш сѐ што ќе посакаш“ (кондак на Утрена во Неделата на светите праотци).

 

Драги наши верни чеда. Како подостојно да се заврши една голема јубилејна година за сите нас, година во која нашиот духовен татко, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, прославува историски јубилеј за нашата света Македонска црква, за нашата света Епархија, но и за сите нас, кои 40 години сме водени од неговата света десница со мудрост, љубов и секојдневна пожртвуваност? Како поинаку, освен со она на што Митрополитот неуморно се дава себеси веќе полни 40 години, со служење и поучување. И да не зборуваме ние - делата (и камењата) ќе прозборат. Зашто секој еден кој ја посетил нашата Епархија, нашиот славен Охрид, не може а да не го забележи богоугодниот труд на Митрополитот, 40 години вложуван во разубавувањето, духовното и материјалното, на сите наши цркви и манастири - без исклучок. Кој може а да не ја забележи и да не се восхитува на литерарната преродба на Епархијата? А денеска, тој труд, а и оваа јубилејна година, беа крунисани со издавањето на уште една прекрасна монографија, насловена „Манастирите во дебарско-кичевската епархија“, во која се опфатени петнаесет поголеми и позначајни духовни светилишта од нашата епархија, светилишта возобновувани во изминатите години, преродени и во нивниот надворешен изглед, но и во нивниот внатрешен, духовен живот. 

Повеќе...
Страница 61 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2