„Пасха свештена денес ни се покажа, Пасха нова света, Пасха таинствена, Пасха сечесна, Пасха - Христос избавител; Пасха непорочна; Пасха велика; Пасха на верните; Пасха што ни ги отворарајските врати; Пасха која ги осветува сите верни“ (Пасхална стихира на Утрена на Воскресение Христово).

 

Ден е на Воскресение, ден што Господ го создаде за да се зарадуваме и развеселиме во него. Празникот над празниците, Торжеството над торжествата, Љубовта над сите љубови денеска Господ Спасителот ја покажува, избавувајќи го човечкиот род од неговиот последен и најголем непријател - смртта. Радувај се и ликувај Ерусалиме, гледај Го Воскреснатиот, Кој со смртта смртта ја победи и на сите ни дарува живот вечен. Овој спасоносен ден најсвечено беше одбележан во сите наши храмови, а секогаш новата и спасителна вест за Воскреснатиот Христос, Неговото Високопреосвештенство Мкитрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и оваа година со радост ја објави од местото на нашето просветление, од Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид. Воскреснатиот Христос го прославивме со свечена Воскресна Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Кирил Јованоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Од Плаошник го поздравивме и неизбројниот верен народ со Велигденското послание, испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Истото ви го пренесуваме во целост.  

Повеќе...

„Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној Кој седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го окружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!“ (седален на Утрена во Светата и велика сабота).

На 03.05.2024 година, во Светиот и велик петок, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба со Опело на нашиот Спасител Господ Христос, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Малку зборови кажа разбојникот на крстот, но неговата вера беше голема; за еден миг се спаси и прв влезе низ рајската врата: Господи, Кој го прими неговото покајание, слава Ти“ (четиринаесетти антифон на Утрена на Велики петок).

 

На 02.05.2024 година, на Светиот и велик четврток вечер, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба со читање на дванаесетте страсни Евангелија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Александар Димоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Утрената богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува; и Он, безгрешниот, доброволно прима се, за да им дарува на сите воскресение од мртвите“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Велики Четврток).

 

На 02.05.2024 година, на Велики четврток - наутро, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Онаа која поради нејзиниот живот беше отфрлена и која поради покајанието беше примена, носејќи миро, Ти пристапи, викајќи: Ти, Кој се роди од Дева, не отфрлај ме мене блудната. Не презирај ги моите солзи, Ти, Кој си радост на ангелите. Но прими ме, мене којашто се каам, грешницата што не си ја отфрлил, Господи, поради Твојата голема милост“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Велика среда).

 

На 01.05.2024 година, на Велика среда, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски, Сашо Ристески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 10 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1