Почитта кон сесловенските просветители, рамноапостолните Кирил и Методиј, солунските браќа, е голема и неискажлива, и тоа не само кај словенските народи, туку и во целиот свет. Безбројни се светилиштата посветени на нивниот спомен, зашто тие целиот свој живот го потрошија и го дадоа за да ги просветлат и научат на словото Божјо словенските народи, меѓу кои е и нивниот и нашиот – македонскиот.

По иницијатива на игуменот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, солунските браќа добија свое светилиште и во манастирот на Белото Езеро, изграден од нивниот ученик и следбеник, светиот Наум Охридскиот Чудотворец. Параклисот е изграден во 2005 година, според проект на архитектот Тодор Паскали, а изведувач е Митан-пром од Охрид. Фрескоживописот е дело на Антоние и Василка Чуркоски од Струга, иконостасот е дело на Тони Ристески од Прилеп, а иконите на иконостасот ги изработи Дарко Трпчески од Скопје.

jordan Sneakers | Nike Shoes

Повеќе...

„Божествениот Еразмо, кој е дом на добродетелите, извор на чудеса, слава на архиереите и радост на страдалниците, нè повика нас, верните, да го прославиме неговиот сесветол спомен, весело и соборно“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. Еразмо Охридски).

Навистина, да го прославиме сесветиот спомен на свештеномаченикот Еразмо, кој го поучуваше народот во Охрид уште на самите почетоци на христијанството и ја всадуваше верата во Бога во срцата на верните охриѓани. Затоа и ние денеска, соборно и со радост во срцата, го посетуваме неговото земно пребивалиште, преку кое тој се искачи во небесните висини.

Прославувањето на славниот свештеномаченик, започна на 14.06.2013 година, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високошреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната, беше благословено петолебието.

url clone | adidas Yeezy Boost 350

Повеќе...

„Ти, Кој од небесата слезе на земјата и, како Бог, со Себе го воскресна Адама кој лежеше долу во адот, со Твоето Вознесение, Христе, откако го издигна на небесата, направи да седи со Тебе на престолот на Отецот, како милостив и Човекољубец“ (седален на Утрена на Вознесение Христово).

Нашиот Бог и Творец никогаш не го заборавил човекот, и низ целата историја промислувал за него и го избавувал од патиштата што водат до адот. Кога се исполнило времето, Он Го испраќа и Својот Единороден Син, Господ Христос, Кој ќе пострада, но и ќе воскресне. Христос не само што го избавува човековиот род од канџите на смртта, туку му дава можност и тој да совоскресне со Него. Денеска, пак, Он ја воздигнува човековата природа во неискажливите височини и ја става од десната страна на Бога Отецот.

affiliate tracking url | Nike - Shoes & Sportswear Clothing
Повеќе...

„Радувај се, свештена двоице, која нè озари со светлината на Богопознанието: Кириле, живоносен извору на мудроста духовна, кој ги напои словенските народи кои од жед се топеа: Методие, чесно живеалиште на молитвата! Прилежно молете се на Христа, пред Чија слава стоите, заедно со вас да Го величаме и да Го превозносиме во сите векови“ (стихира на Слава... на стиховни стихири на Вечерна на свети Кирил и Методиј).

На 24.05.2013 година ги прославивме светите рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенските просветители. Во нивна чест, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021

Повеќе...

„На жените мироносици си им заповедал да се радуваат, плачот на прамајката Ева си го прекратил со Твоето Воскресение, Христе Боже, а на Твоите апостоли си им наредил да проповедаат: Спасителот воскресна од гробот!“ (кондак на Трета недела по Пасха – на жените мироносици).

На 19.05.2013 година, во Третата недела по Пасха – на жените мироносици, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Сашо Ристески и Владо Недески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое изнесе пофалба за жените мироносици, за нивната храброст, но и непоколеблива вера, зашто тие во ниту еден момент не се двоумеле да Го следат Христа и останале Негови верни следбенички и во најтешките моменти од Христовиот овоземен живот. Митрополитот ги спореди жените мироносици со нашите предци, особено оние од женскиот род, зашто и тие како мироносиците, во тешките моменти за христијанството на овие простори, не подлегнале на ниеден притисок и никогаш не го заборавиле Бога и Црквата. Христос воскресе!

spy offers | adidas Yeezy Boost 350

Повеќе...
Страница 210 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1