„Стражарите Твои, Господи, ги раскажаа сите чудеса; но соборот на суетните со мито им ја наполни нивната десница, мислејќи да го скрие Твоето Воскресение, што светот го слави: помилуј нè“ (Хвалитна стихира од Утрена на Светли Вторник).

На 07.05.2013 година, кога го прославуваме Воскресението Христово – трет ден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Никола Христоски и Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Епископот Јосиф го прекрши празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое ја истакна смислата на Христовото Воскресение и неговото спасително значење за човечкиот род, а неговата вистиност се потврдила и сè уште се потврдува преку многубројните мачеништва. Митрополитот Тимотеј го истакна примерот на светиот великомаченик Георгиј, и се помоли, тој да биде наш застапник пред Бога и да ни помага да одиме по патот на заповедите на Воскреснатиот Христос.

url clone | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Повеќе...

На ден 06.05.2013 година, кога го прославивме Вториот ден од Воскресението Христово, како и великиот маченик и победоносец Георгиј, Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Митре Попоски, свештениците Зоран Попоски и Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети и положи камен-темелникот на новиот манастир во општина Вевчани, посветен на св. вмч. Георгиј. Манастирот се гради по иницијатива и со помош на жителите на општина Вевчани, како и од доброволните прилози на сите пријатели на општината. На осветувањето присуствуваа многубројни верници од општината, како и од соседните населени места. На чинот на осветувањето присуствуваа и Премиерот на Р. Македонија г-дин Никола Груевски и градоначалникот на општина Вевчани, г-дин Цветомир Угриноски. На сите жители на Вевчани им го честитаме овој свечен и велик настан и се молиме и просиме Божја помош за што поскоро изградување на манастирот.

latest Running | Official Images Of The Air Jordan 4 University Blue WMNS Shimmer Bronze Eclipse DJ0675-200 , Fitforhealth

Повеќе...

На 06.05.2013 година, на празникот Воскресение Христово – Втор ден и св. вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, а потоа беше извршен и чинот на Водосвет во Светлата недела и беше прекршен празничниот колач.

Sports News | Nike - Shoes & Sportswear Clothing

Повеќе...

Во Великата недела, кога го прославуваме Воскресението Христово, според Уставот на нашата света Црква, се служи Вечерна богослужба, на која се чита и Евангелието за јавувањето на Воскреснатиот Христос на учениците на разни јазици. Овој настан е уште познат како Второ Христово Воскресение. На 05.05.2013 година, денот кога го прославивме овој настан, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик, во сослужение на архимандрит Нектариј (француски јазик), протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик), Владо Недески (англиски јазик) и Ѓорѓи Блажевски (македонски јазик) и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и Сашо Целески (италијански јазик). Свештеникот Никола Христоски го прочита Велигденското послание, испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј им подели по едно црвено велигденско јајце на сите верници, кои со радост дојдоа да го прослават Воскреснатиот Христос и да запеат: Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им даде!

best Running shoes | Best Custom Jordans of All Time - Fashion Inspiration and Discovery

Повеќе...

„Заспан со тело, како мртов си воскреснал по три дена, Цару и Господи, откако го крена Адама од распадливоста, и смртта ја уништи; Пасха на нетление, и на светот – спасение“ (Егзапостилар на служба на Воскресение Христово).

„Влезете сите во радоста на својот Господ; примете ја наградата и првите и вторите; богати и сиромаси, ликувајте заедно; испосници и мрзливи, чествувајте го овој ден. Радувајте се денес, и вие што сте постеле, и вие што не сте постеле“ – вака ни се обраќа светиот Јован Златоуст на овој светол и радосен ден. Нашата тага за Распнатиот и Погребаниот Христо, постана неискажлива радост. Денес Христос ги скрши оковите на смртта и адот, и демоните паднаа. Затоа и сите извикуваме: „Смрт, каде ти е осилото? Аде, каде ти е победата?

affiliate link trace | NIKE HOMME

Повеќе...
Страница 212 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1