„Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во светот, за да го спасиш Адама од древната клетва, духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово, Кој благоволи да создадеш сè премудро, слава Ти“ (седален на Цветници).

На 28.04.2013 година, денот кога го прославуваме Христовото влегување во Ерусалим (Цветници), во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Александар Матески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели врбови гранчиња на мноштвото верни, кои како децата од Ерусалим, дојдоа во храмот да го пречекаат Спасителот на светот, Кој доаѓа на страдање и распнување, но и на Воскресение. Речиси сите верници пристапија кон светата Причест, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нив со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordan Sneakers | Womens Shoes Footwear & Shoes Online

Повеќе...

„Кога со посниот подвиг ги заузда сите телесни нагони, ја покажа храброста и цврстината на твојата душа; сакајќи да го видиш крстот Господен, самата себе се распна за светот, сечесна. Оттука и желбата твоја да живееш живот ангелски, себлажена. Моли Го Христа Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен“ (седален на преподобна Марија Египетска).

Светата Црква во Петтата недела од Великиот пост го прославува споменот на преподобната Марија Египетска, чиј подвиг останува врежан во црковните записи како еден од најголемите подвизи и жртвувања од љубов кон Бога. Во оваа Петта недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот Тимотеј ги причести малите дечиња и им подели нафора на верните, а кон сите се обрати со зборовите:

Best jordan Sneakers | balerínky

Повеќе...

„Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне, и нејзината доброплодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да жнеат спасение и вака да пеат: Алилуја“ (кондак на Акатист на Пресвета Богородица).

Според обичајот и Уставот на светата православна Црква, во саботата утро, односно петок навечер, од Петтата седмица на Великиот пост, се служи Акатистот на Пресвета Богородица, во кој и благодариме за многуте чуда и ја молиме секогаш да биде со нас и да ги принесува нашите молитви пред нејзиниот Син и наш Спасител, Господ Исус Христос.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше на Акатистот во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, а во сослужение на свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски. Храмот беше исполнет со мноштво верници, кои неуморно и пееја на Мајката Божја: „Радувај се, Невесто неневесна!“ 

best Running shoes brand | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

Повеќе...

„Преподобен оче Јоване, откако својот ум со вера го издигна кон Бога, ти се одврати од непостојаноста на овој вознемирен свет и, кога го прими твојот крст, тргна да Го следиш Оној што гледа сè, со помош на подвигот совладувајќи ја незаузданоста на телото и мислата, со поткрепата на Божествениот Дух“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Четврта недела од Великиот пост).

Светата православна Црква, во Четвртата недела од Великиот пост, го прославува големиот подвижник, учител и творец, преподобниот Јован Лествичник, најпознат по својата книга „Лествица“, во која искуствено ги поучува монасите, но и сите верници, како да се искачат до Царството небесно. Во оваа Недела, на 14.04.2013 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Петре Бојчиноски и Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј ги причести мноштвото верни, кои подготвени пристапија кон светиот Путир, а потоа им подели и нафора. По завршувањето на Литургијата, Митрополит Тимотеј им се обрати на верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

best Running shoes brand | Air Jordan Sneakers

Повеќе...

„Тебе Богородице, победоносна војвотко, ние Твоите раби, откако се избавивме од зла, ти пееме победна и благодарна песна. Бидејќи имаш непобедлива сила, ослободи нè од секакви опасности, за да ти пееме: Радувај се невесто, која не си била невеста“ (кондак на Благовештение).

На ден 07.04.2013 година, по повод двата големи празника: светото Благовештение и Третата недела од Великиот пост, позната уште и како Крстопоклона недела, во соборниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Зоран Данев, свештениците Љупчо Симиџиески, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. Според Уставот на православната Црква (Типикот), на крајот од Утрената служба, беше изнесен за целивање и светиот Крст, кој постојано нè потсетува на подвигот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, но истовремено, и ни дава сила за завршување на нашиот подвиг во Велигденскиот пост, зашто кој сака да учествува во Воскресението Христово, тој мора да земе учество и во Неговиот Крст. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој подготвен пристапи кон светата тајна Евхаристија и се соедини со Спасителот Христос. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...
Страница 214 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1