„Радувај се, похвало на отците, усто на богословите, палатко на безмолвието, доме на премудроста, врвен дострелу на учителите, духовен океану, во кој се меша дејството и созерцавањето, и исцелителу на човечките болести. Радувај се, храму на Духот, и умрен, и жив оче“ (светилен на св. Григориј Палама).

Втората седмица од Великиот пост е посветена на великиот учител, подвижник и созерцател на Бога, светиот Григориј Палама. По повод празнувањето на овој голем светител и победител на ересите, на ден 31.03.2013 година, во капелата посветена на „Св. Григориј Палама“ во манастирот во Рајчица, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го освети коливото и се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports brands | Men's Footwear

Повеќе...

На 27.03.2013 година, денот кога го прославуваме преподобниот Бенедикт Нурсиски, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Горни Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, во солужение на еромонах Ефросиниј. На Литургијата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и игуменот на Бигорската обител, архимандрит Партениј. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше поставена свечена трпеза на љубовта за сите присутни. Истовремено, од името на нашиот Митрополит и од целата епархија, му го честитаме именденот на настојателот на манастирот, монахот Бенедикт, и просиме од Бога добро здравје и да го слави именденот уште многу години. 

Asics footwear | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

Повеќе...

„Словото неописливо на Отецот, стана описливо со воплотувањето од тебе, Богородице. И, кога го обнови осквернетиот образ во неговото поранешно достоинство, го соедини со божествената ѕбавина. А ние, исповедајќи го спасението, го изразуваме тоа со збор и дело“ (кондак на Недела од прва седмица на Великиот пост).

На 24.03.2013 година, во Неделата од првата седмица на Великиот пост, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која целосно ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Men's Sneakers

Повеќе...

„Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица и се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши“ (тропар на свети Теодор Тирон).

Во првата сабота од Великиот пост, на ден 23.03.2013 година, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, а во чест на споменот на преславното чудо на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. Река од верен народ се слеа во Богородичниот храм, подготвен со пост и молитва да пристапи кон светиот Путир и да се соедини со нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се осврна на значењето на посниот период, очистувањето на душите и телата, како и меѓучовечките односи.   

Best Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...

„Светата, гледајќи се себе во чистота, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!“ (кондак 2 на Акатист на Пресвета Богородица).

Во времето на Великиот пост, кога преку подвигот на постот и молитвите се трудиме да ги очистиме нашите тела и души, потребна ни е помошта од оние кои седат до Престолот на Севишниот. А кој може повеќе да се застапи за нас од Мајката Божја, која бессемено Го роди Спасителот на светот, Господ Исус Христос? Затоа и светата Црква одредила во овој Великопосен период да и вознесуваме молитви на Пречистата, и тоа во првите пет петоци од Велигденскиот пост. Во првиот петок, на 22.03.2013 година, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. А во сослужение на свештеник Никола Христоски. Многубројниот народ се помоли на нашата постојана застапничка и заштитничка и ја целива нејзината света икона, пеејќи и на Пресветата: Радувај се, Невесто неневесна!

Nike sneakers | New Releases Nike

Повеќе...
Страница 215 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1