На 17.11.2012 година, денот кога го празнуваме свештениот спомен на светиот Јоаникиј Велики, беше осветен храмот „Св. Архангел Михаил“ во с. Могилец, Македонски Брод. Според Црковните канони, храмот беше осветен пред почетокот на светата Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Игор Никовски, свештениците Боге Богески, Марко Трпкоски и Саше Костадиноски и ѓаконот Васко Голабоски. Храмот е изграден уште во далечната 1919 година, а фрескоживописот, чиј автор е г. Гоце Милески од Македонски Брод, се завршил оваа година. Изградбата на храмот и негово завршување е по иницијатива и доброволни прилози на верниците од селото и пошироката околија, како и по заложбите на г. Стојанче Трпески и членовите на црковниот одбор: Љупче Синадиноски, Милисав Димоски, Анѓеле Веселиноски и Гоце Веселиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate tracking url | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping

Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“ (седален после трета песна на Утрена на св. Прохор Пчински).

На 01.11.2012 година, денот кога го чествуваме празникот на преподобниот отец наш пустиножител Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски и свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

Sneakers Store | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

„Сè си отфрлила од овој сегашен, лажлив и краткотраен живот кој бргу минува, и пламенот на страсниот оган си го згаснала; со непрестајно умиление и прилежно молење си ги достигнала бесплотните чинови, и со отворено лице ја гледаш славата Божја. Него, преподобна Параскево, моли Го, да ги спаси и просветли душите наши“ (стихира на стиховни на Вечерна на преподобна Параскева).

На 27.10.2012 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобната Параскева, големата испочничка и подвижничка, во манастирот „св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Кипријанов и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Кон многубројниот верен народ, кој има големо почитување кон преподобната Параскева, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | New Balance 991 Footwear

Повеќе...

„Со нас се радуваат сите небески чинови, откако оформија единствен духовен хор, гледајќи ја Царицата и Господарка на сите, славена од толку имиња на верници; се радуваат и душите на праведниците, кои беа гледачи на тоа видение, како во воздухот молитвено ги шири своите сечесни раце, барајќи мир за светот и спасение за душите наши“ (стихира на Слава, и сега... на Господи повикав... на Вечерна служба на Покров на Пресвета Богородица).

Running sport media | New Releases Nike

Повеќе...

„Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“ (Мт. 10,37-38). За нас обременетите од земни грижи луѓе навистина тешко изгледа исполнувањето на овие зборови, но, ако сакаме да го видиме нивното отелотворение, доволно е да прочитаме едно од житијата на неизбројните маченици, а особено житието на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, каде ќе го видиме и нивното буквално исполнување. Мајката Софија ги испраќа и ги поткрепува своите деца во страдањето заради Христа – ова сигурно е лудост и безумство за незнабошците, но спасение за нас христијаните. Кротко, смирено и мудро, мајката и трите ќерки го земаат крстот свој, не двоумејќи се ниту во еден момент да поитаат кон портите на Царството Небесно и знаејќи дека Оној во Кој верувале, Оној во Кој се надевале и Оној Кој Го љубеле, ќе ги чека со широко раширени раце и ќе ги прими од Својата десна страна.

spy offers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...
Страница 222 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1