Нашата света Македонска православна црква, поточно сестринството од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, метох на манастирот „Св. Јован Бигорски“, на вечерната богослужба од втората Недела од Великиот пост, неделата кога го прославуваме „светилникот на православието, тврдината и учителот на Црквата, и украсот на монасите“, св. Григориј Палама,  беше збогатено со уште еден нов член, со уште еден ангелообразен воин Христов. Искушеничката Драгана, од раката на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, прими монашки потстриг и го зеде своето ново, монашко име – сестра Касијана. На вечерната богослужба на Митрополитот Тимотеј му сослужуваа браќата од Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верен народ, но и кон новопотстрижената Касијана со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best jordan Sneakers | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers

Повеќе...

„Претставувајќи го на икона Твојот божествен лик, Христе, јасно ги воспеваме Твоето раѓање, неискажливите чудеса и доброволното распнување. Од тоа и демоните во страв бегаат и безбожните во срам редат, како нивни соучесници“ (седален на Недела на православието).

На секоја од неделите во Великиот пост, освен своето значење како ден на Воскресението, Црквата им дава и друго, инакво - поодредено значење. На ден 04.03.2012 година, Првата недела од Великиот пост - Недела на православието, кога ја прославуваме победата над иконоборството и повторното воведување на иконите во храмовите, во храмот „Св. Никола – Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Мноштво верни чеда зедоа учество во евхаристиските молитви и пристапија кон светите Тајни.     

Sportswear Design | Nike

Повеќе...

„Откако верата Христова ја прими како штит во срцето свое, противничките сили си ги победил, многустрадалнику, и со венци небесни, како непобедлив, вечно си се овенчал, Теодоре“ (кондак на св. вмч. Теодор Тирон).

На крајот од секоја седмица од Великиот пост, во саботите и неделите, светата Црква Христова благословува да се служи целосна света Литургија. Во Првата сабота од Великиот пост го прославуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон и чудото со коливото. На 03.03.2012 година, Тодорова сабота, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Храмот беше исполнет од многуброен верен народ, кој подготвен според правилата на светата Црква, речиси без исклучок пристапи кон светите Путир, за да се соедини со нашиот Спасител Христос. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме:

Asics footwear | Nike React Element 87

Повеќе...

„Тебе, Богородице, поборнице-војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна песна. Ти имаш неподлива сила, ослободи нè од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна“ (I Кондак на Акатист на Пресвета Богородица).

Според Црковниот устав (Типикот), во првите пет петоци од Великиот пост, предвидено е да се служи Мало повечерие заедно со Акатистот на Пресвета Богородица. Акатистот е поделен и се чита во првите четири петоци на четири дела (статии), а во последниот петок се чита целосно.

latest Running Sneakers | Sneakers

Повеќе...

Распоред на архиерејски богослужби во текот на Великиот пост на кои чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј:

 

  • Прва среда од Великиот пост (29.02.2012) – света архиерејска Литургија на Претходно осветени дарови - храм „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид
  • Тодорова сабота (0303.2012) – света архиерејска Златоустова Литургија – храм  „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид
  • Прва недела од Великиот пост - Недела на православието (04.03.2012) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Свети Никола -  Геракомија“ Охрид
  • Втора недела од Великиот пост – Недела на св. Григориј Палама (11.03.2012) – света архиерејска Василиева Литургија – параклис „Свети Григориј Палама“, манастирски комплекс „Св. вмч. Георгиј“ с.Рајчица, Дебар
  • Трета недела од Великиот пост  - Крстопоклона недела (18.03.2012) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга
  • Четврта недела од Великиот пост – Недела на свети Јован Лествичник (25.02.2012) – света архиерејска Василиева Литургија – храм „Свети Петар и Павле“ Кичево
  • Петта недела од Великиот пост – Недела на света Марија египетска (01.04.2012) – света архиерејска Василиева Литургија – манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник Охрид
  • Свето Благовештение (07.04.2012) – света архиерејска Златоустова Литургија - катедрален храм „Св. Софија“ Охрид (едноцрквие)
  • Цветници (08.04.2012) – света архиерејска Златоустова Литургија -манастир „Пресвета Богородица – Пречиста“ Кичево
best Running shoes brand | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
Страница 234 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1