Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во Неделата по Вознесение - Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор. 

Повеќе...

„Најтоплиот застапник во неволјите, и добропослушен посредник за оние кои просат, Еразмо, сите со песни да го почестиме, зашто неговиот светлоносен и сепресветол спомен нѐ тера да викаме: Господи, слава Ти!“ (кондак на Утрена на свети Еразмо Охридски).

И оваа година верниците од нашата Епархија со големи торжества и славословија го прославија споменот на нашиот светол молитвеник и заштитник, големиот подвижник Еразмо Охридскиот Чудотворец. Прославата во спомен на нашиот Охридски молитвеник започна на 14 јуни, со свечена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Торжествата продолжија утредента, на 15 јуни, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, спротоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Се роди како што посака, се јави како што благоволи, пострада телесно, Боже наш; воскресна од мртвите откако смртта ја победи, се вознесе во слава, Ти Кој исполнуваш сѐ, и ни Го испрати Твојот Божествен Дух, за да Го воспеваме и славиме Твоето божество“ (хвалитна стихира на утрена на празникот Вознесение Христово).

 

На 13.06.2024 година, денот кога го прославивме славното Вознесение Христово, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Горно Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Кирил Јованоски, свештеникот Оливер Димитров, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се направи и литија околу храмот. Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во продолжение ви ја пренесуваме беседата изговорена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, изговорена на денот на свечената канонизација на светите праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска.

Повеќе...

„Спасителови чеда со души девствени и на Црквата украси достојни сте зашто секоја лага ја разобличивте со подвиг и вера огнена, Спасе сечесен и Спасо со чисто срце, постанавте жители на Рајот и за нас брзи застапници“ (тропар на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска).

 

Црквата како жив организам чија глава е Самиот Христос секогаш ги препознава светилата во светот, а и верно ги следи и исполнува зборовите на Спасителот дека светилото не се става под поклопец туку на свеќник, за да им свети на сите (Мт. 5, 15). Црквата не е збир од некакви морални и канонски мерки туку Тело Христово, чии членови се верните чеда, а од кои, пак, се очекува и чија цел треба да биде постојаниот стремеж кон светоста. И светоста не е некој архаичен и историски термин заборавен во првите три века туку нешто што се случува постојано, во сите дни од постоењето на овој свет. Има и неизборјни неоткриени светила и цел еден свет од маченици чии имиња не сме ги дознале, но ете така благоволил Бог. Он, пак, со Својата непогрешлива Промисла и преку Својата неискажлива милост, еве по вторпат за неколку години ја удостојува нашата света Дебарско-кичевска епархија да се радува на Неговите светии, на оние кои без трошка сомнеж и храбро се упатиле на патот кон светоста. По Пречистанските маченици, еве Господ сега не удостои да ја објавиме канонизацијата и на светите исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска.   

Повеќе...
Страница 3 од 285

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2