На 15 јули 2009 година, кога се празнува споменот за Положувањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на протојереј Сашо Богданоски, јереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски.
best shoes | Women's Designer Sneakers - Luxury ShoppingНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ДЕНОТ НА СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН, ВО ИСТОИМЕНАТА ЦРКВА ВО СЕЛО ПЕШТАНИ

На 14 јули 2009 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во истоимената црква во село Пештани, Охридско, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.
affiliate link trace | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen
ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЕЛ ВО ИСТОИМЕНИОТ ХРАМ ВО КИЧЕВО

Празникот на светите апостоли Петар и Павел, во Дебарско-кичевска епархија со света божествена архиерејска Литургија беше прославен во истоимениот храм во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Војне Ристески, јереј Стевче Тошески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Верниот народ, кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христова. После завршувањето на Литургијата, Владиката заедно со свештенослужителите излегоа во дворот на црквата каде се изврши мал Водосвет и се благослови и прекрши празничниот леб. Кон многубројниот верен народ, Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.
Nike shoes | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , IetpПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ ТОРЖЕСТВЕНО СО ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ ПРОСЛАВЕН ВО НЕГОВИОТ МАНАСТИР

Празникот посветен на преподобниот Наум Охридски Чудотворец, во Дебарско-кичевска епархија торжествено со празнични богослужби беше прославен во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Вечерта, на 02.07.2009 г., со почеток во 19 часот започна празничната Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит повардарски г. Агатангел во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован- Бигорски“, како и повеќемина други свештенослужители од епархијата.
best Running shoes brand | Nike ShoesПРВАТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА, НЕДЕЛА НА СИТЕ СВЕТИИ, ВО МАНАСТИРОТ „СИТЕ СВЕТИИ“ ВО СЕЛО ЛЕШАНИ, ОХРИДСКО

Во првата недела по Педесетница, недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани, Охридско, се отслужи света божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон мноштвото верен народ владиката се обрати со празнично слово. По завршувањето на светата Литургија, во дворот на манастирот се изврши мал Водосвет и се благословија и освети ја празничните лебови.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен“ (Мат. 10, 32).
Nike shoes | New Balance 991 Footwear