Во село Трпејца – Охридско, на 19 септември 2010 година се изврши осветување на нова црква посветена на свети Никола – Чудотворец. Црквата е изградена врз темелите на постара постоечка црква која исто така го носела името на свети Никола. Чинот осветување го изврши неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, јереј Атанас Казанџиски, јереј Игор Никовски и ѓаконите Владо Недески и васко Голабоски. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

Best Authentic Sneakers | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

Повеќе...

На 12 септември 2010 г., во црквата свети Никола во село Мали Влај – Струшко се изврши преосветување на светиот Престол. Чинот преосветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Темелко Донески, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. После преосветувањето на светиот Претстол се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

spy offers | Nike

Повеќе...

Кога љубовта Божја ќе го опфати срцето на човекот, тој целиот се предава на стремежот да Му угоди на Бога, превземајќи на себе се поголеми подвизи, Христа ради. Таквото нешто му е несфатливо на овој користољубив свет, кој единствено бара да си угоди себеси. Безбожниот човек слуша за подвизите на светителите и со неверување одмавнува со раката - сметајќи ги за невозможни и потполно непотребни. Зошто да мора човекот да си го остави својот угоден живот, да замине некаде таму во некоја пустелија, да се храни со тревки и да се измачува постојано, како египетските монаси, или пак со денови да стои, искачен на карпа и постојано да се моли, како Св. Серафим Саровски, или да си превземе на себе така тежок подвиг на неспиење, што никогаш да не си допуштиш да легнеш во постела, како светиот Јован Шангајски. Зошто  е потребно сето тоа? Ама оној што е затворен во своето самољубие, не ни помислува со каква благодат и љубов ги дарува Господ, тие што силно Го возљубиле Бога и се предале на подвиг, надминувајќи ги дури и законите на природата.  Генерации и генерации светители, го презреле своето тело, се подвизувале до самозаборав, знаејќи дека Господ нема да ја презре нивната жртва, туку ќе го награди нивниот подвиг, излевајќи го штедро својот благослов. 

latest Running | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!

Повеќе...

На 8 септември 2010 г., денот кога светата Црква го празнува споменот на светите маченици Адријан и Наталија, а воедно и државен празник на Република Македонија со осветување и полагање камен-темелник започна возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид. По тој повод, во манастирот посветен на свети Пантелејмон и свети Климент се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел и мноштво свештенослужители од Македонската православна црква. На чинот осветување и полагање камен-темелник за Светиклиментовиот универзитет присуствуваше Претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски и многу личности од јавниот и политички живот во Македонија.

Running sport media | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp
Повеќе...

На 28 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во црквата света Богородица – Каменско во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители служеше света Литургија. По завршувањето на Литургија во дворот од црквата се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниците Митрополит г. Тимотеј се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Running sports | Nike Off-White

Повеќе...
Страница 259 од 288

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4