„Денес, од неплодна утроба, на земјата се раѓа ѕвездата над ѕвездите - од Бога возљубениот Јован Претеча, кој ја покажува светлината Христова, Истокот од висините, за да им го покажува патот на верните“ (хвалитна стихира на празникот Рождество на св. Јован Крстител).

 

На 07.07.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Рождество на чесниот, славен пророк, Претеча и Крстител Јован, како и во Втората недела по Педесетница, во храмот „Св. Никола“ во Вевчани, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Ромео Петрески и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, изговорена на Литургијата на празнувањето на преподобниот Наум Охридски во Светинаумовиот манастир во Охрид.

Повеќе...

„Како помошник на јерархот Климента, божествениот Наум дојде меѓу народот македонски, и го просвети со светлината на проповедањето. Затоа сега со него се прославува“ (песна од канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец).

Нашиот преподобен Наум, нашиот заштитник кој бдее над водите од прекрасното Охридско Езеро, и оваа година беше прославен со најторжествени песнопенија и поклоненија, принесени од неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни во Светинаумовиот манастир за да му се поклони на Чудотворецот, чии чудеса и денеска немаат број. Празнувањето на нашиот молитвеник Наум започна на 02.07.2024 година, со Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Димче Азески, Александар Матески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Торжествата продолжија утредента, на 03 јули, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Димче Азески, Александар Матески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Пимен се обрати со пригодна беседа, којашто ќе ви ја пренесеме во посебно поглавје. 

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во Неделата на Сите светии.

Повеќе...

„Кога изворот на Духот дојде на земјата разделувајќи се духовно ви вид на огнени реки, ги пороси апостолите просветлувајќи ги, и беше како облак кој освежува. Преку него ние ја примивме благодатта, преку огнот и водата. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли“ (седален на Утрена во Понеделникот на Светиот Дух).

 

На 24.06.2024 година, во Понеделникот по Педесетница, кога Го прославуваме Светиот и Животворен Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

Повеќе...
Страница 4 од 288

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4