„Споменот на сесветлиот маченик сјае како сонце во краиштата (на вселената), и непрестајно на верните им дава исцеленија, болести изгонувајќи и страсти лекувајќи, бидејќи Пантелејмон непрестајно Му се моли на Христа, на душите наши да им дарува милост голема“ (стихира на Слава... на хвалитни на Утрена на св. вмч. Пантелејмон).
Торжествувањето на светиот Климент Охридски, светиот вмч. Пантелејмон, како и на светите Седмочисленици во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на крајот беше украсено со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, еромонасите Доситеј и Григориј, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Васко Голабоски и Саше Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со птигодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.