На ден 29.07.2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј го посети на новозапочнатиот храм, посветен на светиот великомаченик Ѓорѓи, а лоциран на патот Струга-Дебар, поточно на самиот влез на општината Вевчани. Митрополитот Тимотеј беше пречекан од градоначалникот на општина Вевчани, г-дин Цветомир Угриноски, угледниот бизнисмен од Вевчани, г-дин Ѓорѓи Угриноски, како и од парохискиот свештеник Зоран Попоски и мала група верници. Митрополитот Тимотеј искажа задоволство за брзото одвивање на работата, и со молитви за Божја помош, им посака на верниците храмот што побрзо да биде завршен.

latest jordans | Best Selling Air Jordan 1 Mid Light Smoke Grey For Sale 554724-092

Повеќе...

„Откако од небото го прими позивот на Христа, се јави проповедник на Светлината, и со благодатта на учењето ги озари сите, бидејќи служењето на писмото во Законот го избриша, и со разумот на Духот ги озари верните. Затоа беше издигнат и до третото небо и во рајот стигна, Павле апостоле! Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот чесен спомен“ (седален по втора катизма на Утрена на светите апостоли Петар и Павле).

На 12.07.2013 година, денот кога го прославивме споменот на светите славни, сефални и првоврховни апостоли Петар и Павле, во храмот посветен на овие двајца темеле на Црквата Христова во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештеникот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Nike Sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Повеќе...

„Излевајте, гори, радост слатка; и вие, ридови, играјте како јагниња, зашто од Елисавета се роди оној што со нас ќе остане - Господовиот Претеча, кој со раѓањето ја разреши безгласноста на таткото. Затоа и ние му викаме: Крстителу Христов, моли се да се спасат нашите души“ (литиска стихира на Вечерна на Раѓање на св. Јован Крстител).

На 07.07.2013 година, го прославивме великиот празник на раѓањето на чесниот, славен, пророк, претеча и Крстител Јован, со чие раѓање започнува искупувањето на човековиот род од оковите на гревот и смртта. Претечата, подготвувајќи се со пустински подвиг, го навестува доаѓањето на Спасителот во светот. Тој го подготвува патот Христов, и затоа ќе се нарече: „најголем меѓу родените од жена“.

latest jordan Sneakers | Converse Chuck 70 National Parks - Red Bark / Malted / Gold Dart – Spartanova

Повеќе...

„Преподобен (Науме), кој и сега достојно го благовестиш прекрасниот мир кој секаков ум надминува, дивите народи мизијски, кои беа како диви ѕверови, си ги ставил во прегратките Христови. Затоа испроси непоколеблив мир и милост голема“ (седален по прва катизма на преп. Наум Охридски).

Словенските народи, меѓу кои и македонскиот, имаат свои големи заштитиници во мнозина светители и просветители. Тие Го познале Бога благодарение на многуте проповедници на словото Божјо, меѓу кои се издвојуваат светите браќа Кирил и Методиј, кои го посеале семето христијанско меѓу Словените. Но, кога зборуваме за македонскиот народ, особено за градот Охрид, ништо помалку важни не се и нивните двајца верни ученици и следбеници, светиот Климент Охридски и преподобниот Наум Охридски. Првиот несебично ги учел и подготвувал верните во својот Универзитет, а вториот, подвизувајќи се во својата ќелија на Белото Езеро, им помагал и ги лечел сите кои од него со вера барале помош.

latest jordans | Sneakers

Повеќе...

„Откако во целиот свет Црквата Твоја се украси со крвта на мачениците, како со багреница и свила, преку нив таа Ти вика: Христе Боже, испрати им ги Твоите добрини на Твоите луѓе, мир на Твојот народ дарувај му, и на душите наши – милост голема“ (тропар на Сите светии).

Во првата недела по Педесетница, го прославуваме споменот на сите светии од целиот свет, кои Му угодиле на Бога со нивните врвни добродетели, а многумина од нив и со своите животи. На овој светол ден, кога се потврдува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, а преку нив и на сите светии, кој оваа година го прославивме на 30.06.2013 година, во манастирот „Сите светии“ во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Темелко Донески, еромонах Вартоломеј, протоереј Стево од Преспанско-пелагониската епархија, свештеник Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше осветен новиот крст, кој беше поставен на кровот од капелата, а беше извршен и чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | Nike Air Max 270

Повеќе...
Страница 213 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5