„Господи, жените мироносици трчаа кон гробот да Те видат Тебе – Христа, Кој заради нас пострада. И, кога пристигнаа, најдоа ангел седнат на каменот од страв тргнат, и повика кон нив, велејќи: Воскресна Господ! Кажете им на учениците дека воскресна од мртвите Оној што ги спасува душите наши“ (хвалитна стихира на Утрена на Светли Четврток).

Според традицијата во нашата епархија, и овој Светли Четврток, на ден 09.05.2013 година, во манастирот „Св. Јован Богослов“ – Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач.

Христос воскресе!

latest Running Sneakers | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping

Повеќе...

Воскресението е основата врз која почива христијанството, силата со која смртта и адот беа победени. Радоста на Воскресението Христово најпрво беше објавена од непосредните ученици Христови и од Неговите следбеници, на кои Воскреснатиот Сам им се јави и тие Го видоа и посведочија дека Он е жив. Таа, пак, радост, постојано се пренесува од генерација во генерација, и сведочи за Божјата сила и власт. Најдобрите и најсилните свидетели се неизбројните маченици, кои со силата на крстот и Воскресението, доброволно и со радост одеа во забите на ѕверовите и застануваа под рацете на џелатите. Не залудно и светите отци рекле: „Мачениците се семето од кое израсна Црквата Христова“. Еден од столбовите на светата Црква е и светиот великомаченик Ѓорѓи, чиј спомен го прославивме на вториот ден од Воскресението Христово. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2013 година, денот по Ѓурѓовден, продолжи прославувањето на великиот маченик.

Running Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...

„Стражарите Твои, Господи, ги раскажаа сите чудеса; но соборот на суетните со мито им ја наполни нивната десница, мислејќи да го скрие Твоето Воскресение, што светот го слави: помилуј нè“ (Хвалитна стихира од Утрена на Светли Вторник).

На 07.05.2013 година, кога го прославуваме Воскресението Христово – трет ден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Никола Христоски и Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Епископот Јосиф го прекрши празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое ја истакна смислата на Христовото Воскресение и неговото спасително значење за човечкиот род, а неговата вистиност се потврдила и сè уште се потврдува преку многубројните мачеништва. Митрополитот Тимотеј го истакна примерот на светиот великомаченик Георгиј, и се помоли, тој да биде наш застапник пред Бога и да ни помага да одиме по патот на заповедите на Воскреснатиот Христос.

url clone | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

Повеќе...

На ден 06.05.2013 година, кога го прославивме Вториот ден од Воскресението Христово, како и великиот маченик и победоносец Георгиј, Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Митре Попоски, свештениците Зоран Попоски и Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети и положи камен-темелникот на новиот манастир во општина Вевчани, посветен на св. вмч. Георгиј. Манастирот се гради по иницијатива и со помош на жителите на општина Вевчани, како и од доброволните прилози на сите пријатели на општината. На осветувањето присуствуваа многубројни верници од општината, како и од соседните населени места. На чинот на осветувањето присуствуваа и Премиерот на Р. Македонија г-дин Никола Груевски и градоначалникот на општина Вевчани, г-дин Цветомир Угриноски. На сите жители на Вевчани им го честитаме овој свечен и велик настан и се молиме и просиме Божја помош за што поскоро изградување на манастирот.

latest Running | Official Images Of The Air Jordan 4 University Blue WMNS Shimmer Bronze Eclipse DJ0675-200 , Fitforhealth

Повеќе...

На 06.05.2013 година, на празникот Воскресение Христово – Втор ден и св. вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, а потоа беше извршен и чинот на Водосвет во Светлата недела и беше прекршен празничниот колач.

Sports News | Nike - Shoes & Sportswear Clothing

Повеќе...
Страница 216 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5