На ден 06.10.2012 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга, а по повод Јубилејот 45 години од автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, се одржа редовен Архиепископски Црковно Народен Собор. Пред почетокот на Соборот, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан изврши и призив на Светиот Дух и ги попрска со осветена вода присутните, за Тој да ги раководи соборјаните и да ги вдахне во носењето на правилни и спасоносни одлуки за нашата црква и нашиот народ. На Соборот беа разгледани повеќе прашања од витално значење за животот на црквата и нејзините верници.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
50 ГОДИНИ НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ НА АКАДЕМИК ЦВЕТАН ГРОЗДАНОВ
Човекот, како што вели уште Аристотел, е зоон политикон, односно политичко, друштвено, социјално битие. Токму затоа, тој отсекогаш сакал да ги сподели своите чувства, какви и да се тие, со другите луѓе што го опкружувале. Ги споделувал и изразувал со збор, со жртва, со песна, со дела, со слика. Кога станува збор, пак, за неговите верски или религиозни чувства, човекот ги употребувал сите овие начини на изразување, за да ја искаже својата љубов кон Оној што го чувствувал за свој Творец, Заштитник, Спасител. Тоа особено важи за новозаветниот човек, за кој веќе Господ не бил Некој што е само трансцендентен, туку Он е овоплотен Бог, Он е Богочовекот, Кој пострада, воскресна, се вознесе. Затоа за иконата се вели дека е „прозор во вечноста“, таа е „живопис кој ни ја претставува целата Црква заедно со Христа Вознесениот, Кој е превземен од Бог Отецот“. Или со други зборови, таа е „теологија преточена во бои“.
Running Sneakers Store | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%
ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

„На Твојот Крст се поклонуваме Христе, и Твоето свето Воскресение го пееме и славиме“ пее денеска сета Црква и вселена. Дрвото на срамот стана Рајско дрво, кое како она во Едем, и нам денеска ни дава спасение и живот вечен. Затоа и на денот кога го прославуваме празникот на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов, на 27.09.2012 година, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритите Партениј и Јосиф, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски и ероѓаконот Ефросиниј. На овој прекрасен и величествен празник, Митрополитот Тимотеј благоизволи да го ракоположи ероѓаконот Ефросиниј во чин еромонах, со што братството на Бигорскиот манастир се збогати со уште еден извршител на светите Тајни. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
trace affiliate link | Best Nike Air Max Shoes 2021 , Air Max Releases and Deals
ВО НАВЕЧЕРИЕТО НА ПРАЗНИКОТ „ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ“

„Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните“ (светилен во среда и петок).
Бог, Творецот на сета вселена, постојано го повикува човекот, но, и го помага и го поткрепува во неговите патишта. Он не го создаде човекот за тој да умре и да се претвори во небитие, туку го создаде за вечен живот, за вечна радост и вечно учество во љубовта Божја. Токму затоа, не го остава и кога тој (човекот) ќе се откаже од Него, а плодот на најголемата Божја љубов е предавањето на Неговиот Син, нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој доброволно се предаде на распнување на Крстот и од орудие на срамот, го претвори во орудие на победата. Затоа и ние постојано се осенуваме со крстниот знак и велелепно го славиме празникот на Крстот.
latest Running Sneakers | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
СОСТАНОК НА ЕУО НА ДКЕ
На 25.09.2012 година, во просториите на административната зграда на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, се одржа седница на Епархискиот управен одбор на епархијата, на која беа разгледани повеќе важни прашања од животот на епархијата, како и други тековни активности во врска со претстојниот Архиепископски Црковно Народен Собор. На седницата беа потврдени дел од старите членови, а беа избрани и нови членови. На состанокот присуствуваа:
- Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј – претседател на ЕУО на ДКЕ
- Протоереј Игор Никовски – секретар на ЕУО на ДКЕ
- Архимандрит Нектариј (Најдоски)
- Протоереј-ставрофор Илија Танаскоски
- Протоереј Димче Ѓорѓиески
- Проф. д-р Сашо Цветковски, Директор на Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга
- Д-р Стојмир Петкоски, доктор