„Ја видовме вистинската Светлина, Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна и се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас“ (стиховна стихира од вечерна на Педесетница).

Во осмата недела по Пасха ја празнуваме светата Педесетница. Прославувајќи го овој свет празник, Го примаме Светиот Дух, Кој нè упатува на секоја вистина и ни го дава законот. Овој празник е исполнување на ветувањето на Спасителот дека нема да ги остави Своите ученици сами и дека ќе им Го испрати Светиот Дух. Овој ден, всушност претставува раѓање на Црквата, која е Тело Христово и кораб, во кој многумина наоѓаат мир и спасение. Затоа „Сесвети Духу, Кој исходиш од Отецот, и преку Синот дојде врз неписмените ученици, спаси ги оние што Тебе како Бог Те познаа, и сите помилуј ги“.

Nike Sneakers | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Повеќе...

„Богомудри Кириле и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души“ (тропар на свети Кирил и Методиј).

Светите сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј се исклучително значајни личности во животот на Црквата, но особено за сите словенски народи. Знаејќи го нивното потекло и нивното значење за македонскиот народ, посетата на гробот на свети Кирил за нас е чест, но и обврска која не смее да биде никогаш заборавена. Токму затоа, како и многу години наназад, делегација на Македонската православна црква, заедно со државната делегација го посетија Рим, градот каде светиот Кирил во 869 година го остави своето тело, долго измачувано заради неговите заложби за рамноправност на словенскиот јазик.

buy footwear | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG
Повеќе...

Прославувањето во чест на св. вмч. Георгиј не запре само на денот кога го прославуваме овој храбар војник Христов. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2012 година, денот после Ѓурѓовден, продолжи торжествувањето на славниот светител. Утрото, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереите Темелко Донески, Митре Попоски и Игор Никовски, свештеникот Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.

Buy Sneakers | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

Повеќе...

„Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“ (тропар на св. вмч. Георгиј).

На ден 06.05.2012 година го прославивме споменот на св. вмч. Георгиј Победоносец, голем маченик за верата во Христа, чиј култ, на нашиве простори, е особено распространет. Празнувањето започна со Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебарско, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф, свештеникот Благоја Спироски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Мнозина дојдоа во овој наш свет манастир за да се поклонат на моштите на овој прекрасен страдалник, а кон нив со пригодно слово се обрати Митрополитот Тимотеј.

Христос воскресе!

trace affiliate link | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

Почитувани православни верници,

По повод Славата и Празникот „Св. Ѓорѓи“ - Ѓурѓовден, соборниот храм „Св. Ѓорѓи“ -  Струга на ден 07.05.2012 година, (понеделник), ја организира традиционалната литија - ордија.

Богослужението започнува во 16 часот со свечен дочек на моштите на „св. Георгиј“ од истоимениот манастир во Рајчица, а во 17 часот започнува литија со носење на светите мошти и чудотворната икона на св. Ѓорѓи низ улиците на Струга.

Со светата богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, кој и ќе ја предводи свечената литија заедно со свештенсвото и монаштвото на Бигорската обител.

Од Канцеларијата на Дебарско-Кичевска Епархија

latest Running | Sneakers
Повеќе...
Страница 233 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5