„Сè што дише и секоја твар Те слави Тебе, Господи, зашто со Крстот си ја уништил смртта, за да им го покажеш на луѓето Твоето Воскресение од мртвите, како единствен Човекољубец“ (хвалитна стихира во Понеделник од Светла седмица).

На 16.04.2012 година, Втор ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше на Литургијата во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Игор Никовски, свештеник Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со поучно слово за значењето на Христовото Воскресение и неговата улога во животот на христијаните и ги поздрави со древниот христијански поздрав:

Христос воскресе!

jordan release date | Marki

Повеќе...

„Христос нашиот Спасител, откако на Крст го прикова списокот на нашите гревови, го избриша, и силата на смртта ја уништи. Се поклонуваме на Неговото тридневно воскресение“ (стихира на Господи повикав во Неделата на Пасха вечерна).

Според обичајот и правилата на нашата света православна Црква, во Неделата на Пасха вечерта, се служи вечерна богослужба, настан кој е познат и по називот Второ Христово Воскресение, но и по читањето на Евангелието на разни јазици. Традиционално, оваа богослужба се изврши во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, кој освен што блеска со својата монументалност и величие, на овој ден засветли и од големата река православен народ, кој со радост во срцето и душата, дојде да го прослави Христовото Воскресение. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше нашиот архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик.  Во негово сослужение беа архимандрит Нектариј (француски јазик), протоереј-ставрофор Ефтим Бетински (англиски јазик), протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), протоереј Игор Никовски (македонски јазик), еромонах Доситеј (албански јазик), свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик) и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита Празникот над празниците на сите верни чеда и традиционално, им подели по едно црвено велигденско јајце.

Христос воскресе!

latest Running Sneakers | Autres

Повеќе...

„Ден е на Воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна“ (прв ирмос од канонот на Пасха)

Во светата и Велика Недела на Пасха го празнуваме споменот на живоносното Воскресение на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Он го избави човечкиот род од утробата на адот и го возведе на небесата, и го приведе кон древното достоинство на нераспадливоста. Поради тоа и ние се радуваме и се веселиме на Неговото Воскресение, зашто и нас ни даде залог да совоскреснеме со Него и да се соединиме со Бога.

Mysneakers | Nike Air Force 1 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

„Оној што држи сè, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение; жените, пак, викаат: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне“ (икос на Велика Сабота).

Sports brands | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite

Повеќе...

„Кога се распна, Христе, загина мачителството, беше уништена силата непријателска; зашто ниту ангел, ниту човек, а самиот Ти, Господи, нè спаси: слава Ти“ (тропар од Првиот час).

На Велики Петок продолжуваме со страдалните богослуженија. На овој ден утрото се служат Царските часови, како и вечерната, а се читаат и страдалните Евангелија, преку кои повторно се потсетуваме на страдањата Христови. На Велики Петок, во текот на вечерната служба, се вади и Плаштаницата, која се поставува на посебно приготвена маса на средината во храмот, која, пак, го симболизира гробот Христов. Откако Христос три години им проповедаше на живите, сега оди и во адот, за и на упокоените да им ја објави победата над смртта.

Sport media | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...
Страница 235 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2