„Откако верата Христова ја прими како штит во срцето свое, противничките сили си ги победил, многустрадалнику, и со венци небесни, како непобедлив, вечно си се овенчал, Теодоре“ (кондак на св. вмч. Теодор Тирон).
На крајот од секоја седмица од Великиот пост, во саботите и неделите, светата Црква Христова благословува да се служи целосна света Литургија. Во Првата сабота од Великиот пост го прославуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон и чудото со коливото. На 03.03.2012 година, Тодорова сабота, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Храмот беше исполнет од многуброен верен народ, кој подготвен според правилата на светата Црква, речиси без исклучок пристапи кон светите Путир, за да се соедини со нашиот Спасител Христос. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме: