„Тебе, Богородице, поборнице-војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна песна. Ти имаш неподлива сила, ослободи нè од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна“ (I Кондак на Акатист на Пресвета Богородица).
Според Црковниот устав (Типикот), во првите пет петоци од Великиот пост, предвидено е да се служи Мало повечерие заедно со Акатистот на Пресвета Богородица. Акатистот е поделен и се чита во првите четири петоци на четири дела (статии), а во последниот петок се чита целосно.