Почитувани верници!

Дебарско-кичевската епархија, со благослов на нашиот Митрополит Тимотеј, грижејќи се за потребата за духовна надградба на верните, издаде повеќе книги со теолошка содржина од кои секој еден, како вредна пчела која собира мед, ќе може од нив да се научи на Христовата љубов и христијанските добродетели. За да бидеме уште подостапни на нашите верни чеда, отсега па натаму, за сите нови изданија ќе бидете информирани на нашата веб страна, а делата можете да ги најдете во сите храмови во нашата епархија.

url clone | jordan Release Dates

Повеќе...

На 20.02.2012 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Партениј Лампсакиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски присуствуваше во манастирот „Свети Јован Бигорски“, каде заедно со братството од манастирот и сестринството од манастирот во Рајчица, како и со многубројниот верен народ, го прославија споменот на овој голем светител и подвижник, но и му го честитаа именденот на игуменот Партениј.

Asics shoes | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

Повеќе...

На ден 16.02.2012 година, во канцелариите на Административната зграда на Дебарско-кичевската епархија, се одржа седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија, на која беше разгледана и усвоена Завршната сметка за 2011 година и беше усвоен Предлог буџетот за 2012 година. На седницата беа разгледани и други прашања од животот на Епархијата, а меѓу другото беше усвоен и предлогот за изградба на повеќе објекти во црквите и манастирите во нашата епархија (конак и камбанарија во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“  во Кичево, конак во манастирот „Св. Стефан“ во Охрид, црковна зграда во храмот „Пресвета Богородица – Болничка“ во Охрид).

На состанокот присуствуваа членовите на Епархискиот управен одбор:

    • Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, претседател на ЕУО – Охрид
    • Протоереј Игор Никовски, секретар на ЕУО – Охрид
    • Архимандрит Нектариј (Најдоски)
    • Протоереј-ставрофор Ефтим Бетински
    • Протоереј-ставрофор Илија Танаскоски
    • Г-дин Владимир Толески, инженер
    • Г-дин Светислав Маџаров, доктор
    • Г-дин Петко Кутаноски, економист.

Nike air jordan Sneakers | Nike Shoes, Sneakers & Accessories

Повеќе...

На ден 06.02.2012 година се навршија 119 години од смртта на големиот македонски поет и лауреат Григор Прличев. Роден на 18 јануари 1830 година според едни, а според други 1831, Григор Прличев со поемата „Сердарот“ е добитник на првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина, но поради тоа што одбива да се изјасни како Грк, наградата не му е доделена. Григор Прличев бил голем поборник за воведување на народниот македонски јазик во училиштата, за што одреден период во животот ќе го помине и во затвор. Негови позабелижетлни творби се и „Автобиографијата“ и словото-есеј „Чувај се себеси“.

latest Nike release | Women's Nike Superrep

Повеќе...

„Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10,16 - дел од евангелието кое се чита на празникот на св. ап. Тимотеј).

На 04.02.2012 година го прославивме празникот на светиот апостол Тимотеј, сотрудник и сопатник на св. ап. Павле, кој по неговата смрт станува епископ во Ефес и кој маченички ќе пострада за името Христово. Прославата во негова чест, како и по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, започна на 03.02.2012 година, со свечена вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески.

latest jordan Sneakers | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

Повеќе...
Страница 240 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2