„Како помошник на јерархот Климента, божествениот Наум дојде меѓу народот македонски, и го просвети со светлината на проповедањето. Затоа сега со него се прославува“ (песна од канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец).

 

Нашиот преподобен Наум, нашиот заштитник кој бдее над водите од прекрасното Охридско Езеро, и оваа година беше прославен со најторжествени песнопенија и поклоненија, принесени од неизбројниот верен народ, кој дојде од сите страни во Светинаумовиот манастир за да му се поклони на Чудотворецот, чии чудеса и денеска немаат број. Празнувањето на нашиот молитвеник Наум започна на 02.07.2022 година, со Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Александар Димоски, еромонасите Ефросиниј и Анатолиј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе. (Јн. 13, 34-35) 

По Божјата милост и благослов, како и со застапништвото на светиот Климент Охридскиот Чудотворец и светиот Сава Српски, по долги години искушенија за двете цркви - Македонската православна црква - Охридска архиепископија и Српската православна црква, дојде времето да го покажеме на дело исполнувањето на Новата Христова безвремена заповед. По молитвите и заложбите на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, како и по снисходењето и молитвите на членовите на Синодите на двете сестрински цркви, Господ даде по долги години браќата кои никогаш и реално не се оддалечија, сега повторно да го возобноват мирот што Господ ни го остави преку Своите свети апостоли и ученици. А кога браќата се љубат помеѓу себе, тие и не сакаат за долго да бидат оддалечени еден од друг, туку заеднички да пребиваат во љубовта Христова, заеднички величајќи го Неговото Име. Во овој евангелски дух, на 20 и 21 јуни 2022 година, се случи и посетата на Патријархот Српски г.г. Порфириј на нашите древни светињи, изградени покрај водите на прекрасното Охридско Езеро. 

Повеќе...

„Мноштвото свети, зрачејќи со божествениот сјај на Сонцето со тројна светлина, богословат за Тричислената Единица, беспочетниот Отец, и доброчесниот Син, и Светиот Дух“ (песна од канонот на Утрена во Неделата на Сите светии).

 

На 19.06.2022 година, во Неделата на Сите светии, во манастирот „Сите светии“ („Сисвети“) во с. Лешани, Дебарца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сосолужение на архимандритот Нектариј, еромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

Повеќе...

„Божествени Еразмо, распален од љубовта кон Бога, си Го засакал Христа. Евангелието им го објасни на сите топло; неуките луѓе си ги извлекол од темнината, а си ги срушил демонските идоли. Затоа, отче, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема“ (стихира по второ стихословие на утрена на св. Еразмо Охридски). 

 

Нашиот свет Охридски заштитник, великиот свештеномаченик Еразмо, и оваа година најторжествено беше прославен, на местото каде што ги возвишувал своите молитви пред Господа, местото кое и денеска на многумина им дава утеха и исполнување на молитвите. Торжественото прославување започна на 14 јуни, со празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Празнувањето продолжи утредента на 15 јуни, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше  Митрополитот  Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 51 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1