На 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот vселенски собор, Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил”, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј, и Нивните Преосвештенства Епископите: Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, архимандритите Нектариј (Најдоски), Нектариј (Ѓуриќ) и Данило (Гаврановиќ), протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Никола Христоски и протоѓаконите Драган Радиќ, Радомир Вуќиниќ, Николче Ѓурѓиноски и Александар Димитријов, а во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.

На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј му благослови на секретарот на САС на СПЦ да го прочита Томосот издаден од страна на СПЦ, а со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, а потоа и лично му го врачи на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Пред насобраниот верен народ најпрво се обрати Неговата Светост Патријархот Порфириј, кој порача дека сите ние треба да ја исполнуваме животната Христова молитва и заповед сите да бидат едно. Па затоа и Црквата, и кога се дели, таа не се дели туку се умножува и расте во љубовта. Неговата Светост ја сподели и радоста за која слушнал и од Македонците и Србите кои заедно живеат и се борат во животните бури насекаде во светот. На крајот се обрати и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој ја сподели радоста на сите Македонци, во земјава и странство, радоста и утехата на нашите древни епископи, на светите Климент и Наум, а кон Патријархот Порфириј и сите архиереи на Српската православна црква искажа благодарност за нивното неуморно залагање, со што на дело покажаа колку ги љубат мирот и слогата меѓу браќата, колку ја љубат Црквата - Телото Христово. 

Во прилог Ви пренесуваме и дел од оваа светотаинска Трпеза, искажано преку фотографии, кои ги презедовме од Телевизијата Храм од Србија. 

Повеќе...

„Константин со неговата мајка Елена денс го покажуваат крстот, сечесното дрво, кој е за посрамување на сите Јудеи, а за верните цареви е оружје против непријателите, но и за нас се покажа како голем знак и страшен во борбите“ (кондак на Утрена на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена).

 

На 03.06.2022 година, денот кога ги прославуваме светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, во храмот „Св. Константин и Елена“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Васил Михајлоски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Сите луѓе, да Му запееме на Христа, Кој се вознесе во слава на плеќите херувимски, за да нѐ стави и нас со Себе од десната страна на Отецот, песна победничка, зашто се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на Вознесение на Господ Исус Христос).

 

На 02.06.2022 година, денот кога го прославивме светлото Вознесение на Господ Бог наш и Спасителот Исус Христос, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Горно Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола ХРистоски, протоерејот Кирил Јованоски, свештеникот Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се направи и свечена празнична литија околу светиот храм, по што литијната поворка продолжи до светиот Крст, поставен на височините над селото. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Откако го насеа православнато учење, го исече трњето на погрешното учење и го умножи семето на верата, со Духот пор4осено. Затоа те воспеваме, преподобен Атанасие“ (кондак на утрена на св. Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2022 година, во Неделата на раслабениот и на празникот пренос на моштите на св. Атанасиј Велики и на св. мч-ци Борис и Глеб, во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во с. Премка, Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговотото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Повод за овој наш собир беше и Јубилејот 150 години од сликањето на фреските на влезот од храмот. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„На жените мироносици си им заповедал да се радуваат, плачот на прамајката Ева си го прекратил со Твоето Воскресение, Христе Боже, а на Твоите апостоли си им наредил да проповедаат: Спасителот воскресна од гробот“ (кондак на Утрена во Неделата на жените мироносици).

 

На 08.05.2022 година, во Неделата на жените мироносици, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 52 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1