Како и секоја година, и овогодинешниот празник на Христовото Рождество беше најрадосен за оние најчистите души - најмладите. Тие со нетрпение и со голема радост го очекуваат овој празник на Богомладенецот, а за нивните радосни насмевки се погрижи и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој на дечињата од свештенството на Дебарско-кичевската епархија им подели Божикни пакетчиња, поздравувајќи ги со радосниот поздрав: Христос се роди!
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - БОЖИК
„Осветената утроба, која беше јасно предобразена преку несогорливата капина, Го носеше Словото Божјо, соединето со човековата природа, за да ја ослободи кутрата Ева од горчливата древна клетва; ние, пак, земните, Го славиме“ (песна од канонот на Утрена на Рождество Христово - Божик).
На 07.01.2022 година, денот на Рождеството Христово, кога Словото Божјо слезе од небесата и се воплоти, земајќи ја нашата болна природа за да ја исцели, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Божикното послание, испратено до сите верни чеда на МПЦ-ОА од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со членовите на САс на МПЦ-ОА. Истото ви го пренесуваме во целост.
БАДНИК
„Христе, разумно Сонце на правдата, Ти си засветлил од Дева, и ѕвезда Те покажа сместен во пештера, Тебе - Несместливиот. Мудреците си ги упатил да Ти се поклонат; со нив и ние Те величаме, Животодавче, слава Ти“ (тропар од Вечерната на Рождество Христово).
На 06.01.2022 година, во навечерието на празникот Рождество Христово - Божик, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше осветено бадниковото дрвце, а Митрополитот Тимоте се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.
ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
„Подражател на апостолите, правило на архиереите, убавина на преподобните, сострадалец на страдалците, без крв си се овенчал како маченик, преподобен Науме, искушуван со тешки неволји, носејќи го божественото име на Христа, и смело проповедајќи ја секогаш тајната на Троица. Нејзе не престанувај да ѝ се молиш за оние кои тебе те прославуваат“ (седален на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец).
Споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец и оваа година беше свечено прославен во деновите кога верниот православен народ го очекува раѓањето на Спасителот. Имено, прославата на овој наш просветител и постојан молитвеник пред Бога започна на 04.01.2022 година, во манастирот кој преподобниот самиот го изгради на Охридското Езеро, со Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир, протоерејот-ставрофор Никола Хриостоски, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое ја истакна заповедта на светиот апостол Павле за следење на нашите наставници и проповедници на словото, а како пример за тоа е преподобниот Наум, кого и ние треба да го следиме во неговите свети подвизи.
ПРОМОТИВНО СЛОВО ОД АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. СТЕФАН ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАНАСТИРИТЕ ВО ДКЕ“
Почитувани верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, како и што ветивме во претходниот напис за промоцијата на книгата „Манастирите во Дебарско-кичевската епархија“, во прилог Ви го пренесуваме промотивното слово од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан. Имено, пред официјалниот почеток на промоцијата на ова наше јубилејно и извонредно дело, свое обраќање имаше и свештеникот Александар Димоски, кој даде прекрасен вовед во самиот чин на промоцијата и го покани Архиепископот да го изложи своето промотивно слово. Затоа и пред самото промотивно слово, Ви го пренесуваме и воведот од отец Александар.