Местоположба и историски податоци
Манастирот е сместен недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, над селото Велгошти. Посветен е на светата великомаченичка Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8 август. Нема точни податоци за тоа кога е основан овој манастир. За првпат 1890 година, податок што го дознаваме од натпис на иконите. Престолните икони, пак, на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица се дело на друг иконописец и со голема веројатност може да се каже дека потекнуваат од постаро време. Манастирот „Света Петка“ се спомнува кон крајот на XVI век во грамота на Охридскиот архиепископ Гаврил.
Манастирска црква и архитектура
Манастирската црква е еднокорабна и над двоводниот покрив се издига еден висок осмостран тамбур со прозорци. Градена е од кршен камен и варов малтер. Над прозорецот кој се наоѓа на апсидата постои натпис што се однесува на изградбата на манастирската црква, на кој пишува дека е изградена во 1890 година, за време на игуменот Наум Илинчев и со повеление на султанот Абдул Хамид. Во дворот на манастирот има чешма со вода која доаѓа од планината, и на неа е зографисан ликот на света Петка, во камен, со натпис на кој е истакната годината 1769. Црквата е проширена во 1922 година за време на свештеникот Алексо Шокароски од село Велгошти.
Внатрешност, живопис и понови зафати
Во внатрешноста на црквата има иконостас, изработен во 1969 година. Престолните икони на света Петка и свети Јован Крстител се дело на ист иконописец изработени во 1890 година, податок што го дознаваме од натпис на иконите. Престолните икони, пак, на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица се дело на друг иконописец и со голема веројатност може да се каже дека потекнуваат од постаро време. На 22.IX 1982 година е извршено преосветување на светиот Престол во манастирската црква од страна на митрополитот Тимотеј, за што ни сведочи еден запис на богослужбеното евангелие. Манастирската црква е фрескоживописана од охридскиот уметник Драган Ристески во 1993 година. Конаците се обновувани и доградувани во повеќе фази, и тоа: во 1970, 1987 и 1997 година.







