„Свети Еразмо Охридски“ – Охрид

Потекло и фрескоживопис

Благодарение на хронологијата, добиена како резултат на стилската анализа, во прв ред, анализата на фрескоживописот, се доаѓа до заклучок дека пештерната црква посветена на антиохискиот епископ свети Еразмо е најстара од пештерните цркви кои, во голем број, се изградени и адаптирани на брегот на Охридското Езеро. Таа се наоѓа на околу 2 км од Охрид, во карпите на патот кон Струга. Оваа пештерна црква, низ својата долга историја повеќепати е преправана, но фрескоживописот што е изведен врз природната карпа на пештерата е зачуван до денес. Врз основа на овој фрескоживопис може да се заклучи дека датира од првата половина на XIII век, додека зографот не е познат.

Нова црква, конак и понови зафати

Поради големата посетеност и малиот простор на црквата, во 1928-1930 година до пештерната црква изградена е нова црква. Новата црква е зографисана од охридскиот зограф Ѓорѓи Крстески. Благодарение на самопрегорот, грижата и трудот на Лепосава (Лепа) Димитриоска, која остави длабока трага во поновата историја на манастирот, изградени се нов конак и потпорен ѕид, и извршено е комплетно уредување на дворот на манастирот. Конакот е граден по проект на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Осветен е на 15 јуни 1995 година од страна на митрополитот Тимотеј. Под манастирот има извор со лековита вода.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК