Свештеник Павел Крцоски
Парохиски свештеник на Велгошката парохија при црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ – с. Велгошти
Телефонски број: 070 471 571
Раѓање и школување
Роден на 3. VII 1973 година во Охрид, од родители Наум и Младенка, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршил во Охрид. Средно училиште завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1993/94 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил на 8. XII 2015 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 20. III 2016 година е ракоположен за ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. На 27. III 2016 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Рајчица, Дебар.






