Свештеник Ѓорѓи Блажевски
Парохиски свештеник при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид
Телефонски број: 072 233 653
Раѓање и школување
Роден на 24 мај 1980 година во Дебар, од родители Злате и Живанка, со живеалиште во Скопје, населба Карпош III. Основно образование завршил во Дебар. Средно богословско образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Запишан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1999/00 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил на 29 септември 2011 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 10. II 2013 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 17. II 2013 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид.






