Протоереј Горан Ставрески
Парохиски свештеник при храмот ,,Св.вмч. Георгиј” во Охрид.
Телефонски број: 075 446 472
Раѓање и школување
Роден на 14. VI 1978 година во Охрид, од родители Кирил и Мирјана. Основно училиште завршува во 1993 година во ОУ „Григор Прличев“, а средно електромашинско образование завршува во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Во 1997 година, со благослов на митрополит Тимотеј, се запишува на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На факултетот дипломира во 2013 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 21. IX 2010 година во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополит Тимотеј. На 30. IX 2010 година во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид е ракоположен за свештеник од страна на митрополит Тимотеј.






