Протоереј-ставрофор Сашо Богдановски
Парохиски свештеник при црквата ,,Св. вмч. Георгиј” во Охрид
Телефонски број: 078 331 450
Раѓање и школување
Роден на 23. V 1965 година во село Добрушево – Битолско, од родители Иван и Божана. Основно образование завршил во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во с. Добрушево – Битолско. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје во периодот 1979–1983 година.
Ракополагања
Ракоположен во ѓаконски чин на 22. III 1986 година во црквата „Св. Никола“ – Геракомија во Охрид, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ракоположен за свештеник на 23. III 1986 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, од страна на митрополит Тимотеј.






