Протоереј-ставрофор Игор Никовски
Парохиски свештеник при црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид
Телефонски број: 078 330 415
Раѓање и школување
Роден на 8. X 1974 година во Скопје, од родители Радомир и Љубица, со живеалиште во с. Бунарџик, Скопско. Основно училиште, од прво до четврто одделение, завршил во с. Бунарџик, а од петто до осмо одделение во с. Кадино, Скопско. Средно училиште завршил во средно економско училиште „Борис Кидрич“ во Скопје. Запишан на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1992/93 година како кандидат од Скопската епархија. Факултетот го завршил на 10. IV 2003 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог. Со благослов на својот митрополит, продолжил на постдипломски студии
Ракополагања
На 21. XI 2001 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на архиепископот Охридски и Македонски Стефан. На 14. V 2004 година, со одлука бр. 105 од Скопската епархија, добива условен канонски отпуст за премин во Дебарско-кичевската епархија, од која на 14. V 2004 година, под број 125, добива условен канонски прием. Конечен канонски прием за Дебарско-кичевската епархија добива на 17. V 2004 година, под број 129. На 31. V 2004 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.






