Ромео Петрески

Свештеник Ромео Петрески

Парохиски свештеник на Мешеишката парохија при црквата „Св. Петар и Павле“ – с. Мешеишта

Телефонски број: 078 425 268

Раѓање и школување

Роден на 3. VI 1971 година во Охрид, од родители Стојан од с. Врбјани, Охридско, и Горица од с. Кошино, Прилепско, со живеалиште во Охрид. Основно образование завршил во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во населба Драчево – Скопје, во периодот од 1986 до 1991 година. Запишан е на Теолошкиот факултет во Скопје во 1991 година.

Ракополагања

На 9. XII 1997 година е ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Охрид од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 9. XII 1998 година е ракоположен за свештеник во црквата „Св. Богородица“ – Каменско во Охрид од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК