Свештеник Никола Кипријанов
Пензиониран свештеник кој ја опслужува Белчишката парохија при црквата „Св. Никола“ – с. Белчишта
Телефонски број: 078 330 411
Раѓање и школување
Роден на 26. XI 1955 година во Охрид, од родители Стојан и Јорданка, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршува во „Григор Прличев“ во Охрид. Запишан е во средно богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје, во текот на учебната 1974–1978 година, како кандидат на Дебарско-кичевската епархија.
Ракополагања
На 5. VI 1977 година е произведен за чтец во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани. На 26. VIII 1979 година е ракоположен за ипоѓакон и ѓакон во црквата „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Ангелариј. На 28. VIII 1979 година е ракоположен за свештеник во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод, од страна на митрополитот Ангелариј.






