Свештеник Сашо Ристески
Парохиски свештеник при црквата „Света Троица“ во Охрид
Телефонски број: 070 307 189
Раѓање и школување
Роден е на 25. V 1974 година во Белград, од родители Љупчо и Нада Ристески, со место на живеење во Охрид. Основно училиште од прво до осмо одделение завршил во Битола. Средно училиште завршил во Електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ во Охрид. На Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје е запишан во учебната 1997/98 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот, после неколку години паузирање како апсолвент поради ѓаконската служба, го завршува на 19. X 2006 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 14. I 2002 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 9. X 2005 година е ракоположен во свештенички чин во црквата „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, од страна на митрополитот Тимотеј.






