„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото – посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ 1
На 06.03.2026 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, во петокот од Втората седмица на Великиот пост, беше отслужен Акатист на Пресвета Богородица, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.








- Тринаесетти кондак од Акатистот на Пресвета Богородица. ↩︎






