„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта.“ 1
На 08.03.2026 година, во Втората недела од Великиот пост – Недела на светиот Григориј Палама, во манастирот ,,Свети Георгиј Победоносец” во Рајчица, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. На крајот од Литургијата, беше осветен и прекршен празничниот колач.
По завршувањето на Литургијата беше извршен и чин на осветување на новиот конак во манастирот. Камен-темелникот на овој конак беше осветен пред десет години од страна на блаженоупокоениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Како ктитор на овој конак се јавува госпоѓа Елена Пандева.












































































Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/26130733906617347
- Кондак на свети Григориј Палама. ↩︎






