„Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!“ 1
На 04.04.2026 година, во саботата од шестата седмица на Великиот пост – Лазарева сабота, во храмот „Св. Никола“ во Вевчани, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
За време на Литургијата, во чин чтец беше произведен богословот Симеон Кукоски.
По Литургијата, Митрополитот оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски, како и со членовите на црковниот одбор.




































































Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/1500269951657680
- Тропар на Лазарево Воскресение. ↩︎






