Прва недела од Великиот пост – Недела на Православието

„Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие.“ 1

На 01.03.2026 година, во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По завршувањето на Светата Литургија, беше литија, согласно древното црковно предание на Неделата на Православието, како сведоштво за победата на Православната вера.

Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/2104701067047496

  1. Хвалитна стихира на Утрена од Неделата на Православието. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК