„Да го распнеме телото со воздржание, да бидеме будни во молитвите, како што е напишано, и да живееме по примерот на Оној Кој пострада и страстите ги умртви.“ 1
На 01.03.2023 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата беше отслужен парастос по повод 50-годишнината од упокојувањето на првиот Дебарско-кичевски митрополит г. Методиј.
Потоа беше одржано и редовното свештеничко собрание.













- Песна од канонот на Утрена во Прва среда од Великиот пост. ↩︎






